Исламската држава и натаму врши зулуми во Ирак

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Екстремистичката Исламска држава, според Обединетите нации, подготува нови терорситички напади во светот и евентуален бунт во Ирак каде што се претпоставува дека има над 10.000 припадници на оваа група. Тие дејствуваат тајно, вршејќи киднапирања, атентати и заседи. Станува збор за заплашување на локалните жители и за изнудување рекет со кој всушност го финансираше и нејзиниот подем пред шест години.