Времето денеска: претежно сончево и топло

Ќе биде претежно сончево и топло, попладне особено во западните делови со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе биде од 13 до 24, а дневната од 29 до 39 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 19, а дневната ќе достигне до 36 степени.