Повеќе од 30 загинати во Авганистан

илустрација

Најмалку 32 лица, меѓу кои и жени и деца, загинаа во патнички автобус кога експлодирала бомба на патот во Авганистан. Претставник на полицијата во провинцијата Фарах изјави дека во експлозијата биле повредени уште 15 лица и оти бројот на загинати може да биде поголем, бидејќи повеќето од повредените се во критична состојба. Никој досега не ја презеде одговорноста за нападот. Талибанците се активни во регионот и користат вакви бомби, главно против владини претставници или припадници на безбедносните сили.