Се урна воен авион во Пакистан, најмалку 18 загинати

Најмалку 18 лица загинаа утрово, кога пакистански воен авион се урнал врз семејни куќи додека бил на тренажен лет недалеку од округот Равалпинди. Од нив 13 се цивили кои се наоѓале во куќите во селото Мора Калу. Другите пет загинати се војници, вклучувајќи ги и двајцата пилоти на авионот, објави новинаската агенција АП.

Официјални лица изјавија дека 15 лица се повредени. Армијата и полицијата се на местото на несреќата каде во тек е истрага, а причината за инцидентот сè уште не е утврдена.