Џонсон очекува гест од ЕУ за преговори за Брегзитот

Британскиот премиер Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека очекува од Европската унија гест кој ќе доведе до повторни преговори за истапување на Британија од членството во Унијата. Џонсон сака да се состане со европските раководители и да преговора и покрај тоа што ЕУ соопшти дека не сака да го преиспита договорот за Брегзитот. Џонсон вети дека Брегзитот ќе стапи во сила на 31 октомври со или без договор.