Времето денеска: променливо облачно со дожд

Претпладне ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде повремено ќе засилува. Утринската температура ќе биде од 13 до 20, а дневната од 24 до 36 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 19, а дневната до 31 степен.