Заев чека милијарди, Вучиќ тенкови, Џонсон услови...

МАКЕДОНИЈА - Управата на затворот во скопската населба Шуто оризари соопшти дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој е во притвор за случајот на ОЈО - Рекет, бил пренесен на скопските клиники на испитувања кои биле потребни по претходно закажан оперативен зафат.

МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања во врска со случувањата во Специјалното јавно обвинителство, рече дека сето тоа е во рацете на обвинителите и дека тој воопшто не треба воопшто да се меша.

ГРЦИЈА - Пренесувајќи ставови на грчки аналитичари, грчкиот весник Катимерини пишува дека Грција нема да ги блокира амбициите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, но ќе очекува одредени отстапки за возврат.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Шкотската премиерка Никола Старџен изјави дека политиката на британскиот премиер Борис Џонсон кон Брегзит го води Обединетото Кралство во пропаст.

АВСТРИЈА - Во повеќе делови од Австрија обилните дождови предизвикаа поплави, а најтешка е ситуацијата во градот Русбах, кој е отсечено од светот. Властите апелираат населението да не ги напушта домовите, да избегнува возење со автомобили и поради својата безбедност да се задржува во повисоките делови на куќите.

РУСИЈА- Лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, ќе остане во болница бидејќи докторите се сомневаат дека симптомите што ги има се последица на труење. Тој е зо 30-дневен затвор поради непочитување на законите за протести.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Новиот британски премиер Борис Џонсон им порача на лидерите на ЕУ дека ќе разговара за Брегзит кога тие ќе покажат дека се подготвени да ја сменат својата позиција за договорот за излез на Британија од Унијата, а дека во спротивно ќе го напушти европскиот блок без никаков договор.

СРБИЈА - Србија ги прими првите 10 извидувачки оклопни возила БРДМ-2МС од Русија, а српскиот претседател Александар Вучиќ, најави дека до крајот на годината ќе пристигнат уште воени возила од Русија - хеликоптери и тенкови.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Велика Британија испраќа дополнителен број војници и бродови во Бахреин за да ги заштити трговските бродови во Персискиот Залив, објавија британските медиуми и новинските агенции.