Дојавата за бомба во редакцијата на „Слободна Далмација“ била лажна

Илустрација

Дојавата за бомба, која ја прими редакцијата на хрватскиот весник „Слободна Далмација“, поради што беше евакуирана зградата, е лажна, соопштено е на интернет страницата на весникот. Главниот уредник Јадран Капор соопшти дека околу пладне, непознат маж се јавил во редакцијата и рекол дека во објектот е поставена експлозивна направа, по што веднаш била контактирана полицијата. – Човекот рече дека е од Хрватските одбранбени сили, дека пишуваме лошо и дека неодамнешниот пожар не бил случаен, изјави Капор.

Откако полицијата утврдила дека дојавата била лажна, вработените се вратиле во редакцијата и нормализиран е сообраќајот во локалните улици.