Навални задржан во болница, лекарите се сомневаат дека бил отруен

Демонстрациите во Москва се одржаа и покрај забраната од власта и апсењето на лидерот Навални.

Лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, ќе остане во болница бидејќи докторите се сомневаат дека симптомите што ги има се последица на труење, објави британскиот весник „Гардијан“. Навални беше одведен во болница од затворскиот притвор каде ја издржува казната од 30 дена поради повикување на антивладини протести.

Според медицинските екипи, Навални за сега е надвор од животна опасност.

Демонтрациите сепак почнаа во саботата, а граѓаните протестираа против одбивањето на изборните власти да ги усвојат независните кандидатури за изборите за московскиот Совет во септември

На демонстрациите интервенираше полицијата при што беа приведени над 1.300 демонстранти.