Нема расправа за законот за попис, седницата прекината

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев побара предлог-законот за попис да се симне од дневен ред.

Предлог-законот за попис на населението не се најде на дневен ред на денешната Комисија за европски прашања. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, побарал точката да се тргне од дневен ред, по што претседателот на Комисијата, Артан Груби од ДУИ, ја прекинал седницата.

Во образложението на Ѓорчев зошто бара предлог-законот за попис да се тргне од дневен ред рече дека „законот што се предлага не е во согласност со критериумите на Евростат и ОН и дека попис организиран според овој предлог-закон нема да ги реши проблемите и дека нема да се добијат релевантни и веродостојни податоци.