Барние: Барањата на Борис Џонсон за Брегзит се неприфатливи

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мајкл Барние, ја критикуваше желбата на новиот британски премиер Борис Џонсон повторно да преговара за договорот за излез на Велика Британија од Унијата, објавија новинските агенции.

Џонсон рече дека ирскиот дел од договорот што го договори неговата претходничка, Тереза Меј, е мртов и ќе мора да се отстрани. Но, Берние во четвртокот рече дека ставот на новиот премиер на Велика Британија е „неприфатлив“ и испрати имејл до земјите-членки на ЕУ, предупредувајќи дека „борбениот“ говор на Џонсон укажува на исход без договор.