Иран тестирал балистичка ракета со среден дострел

Илустрација

Телевизијата „Фокс њуз“, цитирајќи неименуван висок функционер во американската администрација, објави дека Иран тестирал балистички проектил со среден дострел.

Според изворот на телевизијата, тестирањето на балистичката ракета „Шахаб-3″ почнало во раните утрински часови на 25 јули од јужниот дел на Иран. Откако прелетала околу 960 километри северно од Иран, ракетата слетала во пустината недалеку од Техеран.

Неименуваниот извор од администрацијата рекол дека во овој момент немаат коментар за потегот на Техеран.