Пацоли премиер место Харадинај, пишува „Клан Косова“

Беџет Пацоли

Шефот на косовската дипломатија и вицепремиер Беџет Пацоли би требало да ја преземе премиерската функција согласно законот, пишува „Клан Косова“.

Според косовскиот Устав, Владата во Приштина не е распуштена, бидејќи Парламентот е се уште активен.

„Клан Косова“ заклучува дека Пацоли треба да ја преземе премиерската должност додека шефот на државата Хашим Тачи не донесе одлука за наследник, бидејќи Харадинај веќе нема право да свикува владини седници.