Предлогот на Рашковски, ветото на Трамп и притворот на Навални

МАКЕДОНИЈА - Апсолутно не видов никаква причина да прифатам оставка од Рашковски, кој двапати дојде и ми рече: Не ја разбирам политиката, јас доаѓам од Универзитет, не сум бил политички на раководни функции, ако е политички исправно јас сум подготвен да заминам. Вака одоговори премиерот Зоран Заев, на 107-та седница на Собранието, на прашање од пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска, зошто не побарал одговорност од Рашковски по скандалот со објавените видеа.

МАКЕДОНИЈА - Пратеничката група на ДУИ бара шефот на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција да се избира со двојно или Бадентерово мнозинство, изјави пратеникот на ДУИ, Артан Груби.

МАКЕДОНИЈА - Студентите сместени во трите дома во Скопје - Стив Наумов, Кузман Јосифовски-Питу и Гоце Делчев, дале оценка 2,95 од скалата од 1 до 5, за условите и стандардот на живот во студентските домови, покажува истражувањето на Младинскиот образовен форум (МОФ) кое опфатило 300 станари во овие домови.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на три резолуции на Конгресот чија цел е да ја блокирање на продажбата на оружје на Саудиска Арабија и на Обединетите Арапски Емирати, вредно речиси две милијарди долари, објавија светските новински агенции.

РУСИЈА - Московски суд го осуди опозиционерот и основач на Фондот за борба со корупцијата, Алексеј Навални, на 30 дена административен притвор. Мерката е наложена за да се спречи одржување на протест за поддршка на независни кандидати на изборите во градскиот совет во Москва, за кој властите не дадоа дозвола.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Во своето прво обраќање пред пратениците, новиот британски премиер Борис Џонсон, најави почеток на златна доба за Велика Британија и енергичен настап во преговорите за Брегзит.

СЕВЕРНА КОРЕЈА - Властите во Јужна Кореја соопштија дека Пјонгјанг лансирал два неидентификувани проектила во морето, кај својот источен брег, објавија светските новински агенции повикувајќи се на изјавите од Генералштабот на јужнокорејската војска.

АВГАНИСТАН - Над 56 лица загинаа во бомбашки напади во три авганистански провинции во последните 24, објави германската новинска агенција ДПА.

СРБИЈА - Заминувањето на Рамуш Харадинај на сослушување пред Судот во Хаг, како осомничен, се претвори во политичка фарса, бидејќи беше јасно дека тој ќе оди за неколку часа и дека нема да биде задржан, изјави српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, објавија српските медиуми.

АЛБАНИЈА - Албанското Собрание, по предлог на анкетната комисија, побара од Венецијанската комисија итно мислење околу разрешувањето на претседателот Илир Мета.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Лидерката на Шкотската национална партија (СНП) и шкотска премиерка, Никола Старџен, го предупреди новиот британски премиер Борис Џонсон дека продолжуват подготовките за нов референдум за независност на земјата, затоа што неговите планови за Брегзит можат да предизвикаат штети врз шкотската економија, пренесоа британските медиуми.