Старџен му порача на Џонсон дека Шкотска подготвува нов референдум за независност

Шкотската премиерка Никола Старџен

Лидерката на Шкотската национална партија (СНП) и шкотска премиерка, Никола Старџен, денеска го предупреди новиот британски премиер Борис Џонсон дека продолжуват подготовките за нов референдум за независност на земјата, затоа што неговите планови за Брегзит можат да предизвикаат штети врз шкотската економија, пренесоа британските медиуми.

„Сега, повеќе од секогаш, животно е важно Шкотска да има алтернативна можност. Шкотската Влада ќе продолжи да се подготвува на луѓето во Шкотска да им даде избор да станат независна држава”, стои во писмото на Старџен до Џонсон.