Дачиќ: Одењето на Харадинај во Хаг стана политичка фарса

Ивица Дачиќ

Заминувањето на Рамуш Харадинај на сослушување пред Судот во Хаг, како осомничен, се претвори во политичка фарса, бидејќи беше јасно дека тој ќе оди за неколку часа и дека нема да биде задржан, изјави српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ,објавија српските медиуми.

Дачиќ додал дека Харадинај не морал да поднесува оставка како премиер, бидејќи воопшто и немал намера да се повлече од политиката, што се потврдува со закажаната седница на владата во технички мандат.