Експлозии во Кабул, најмалку 5 загинати

Најмалку две експлозии одекнале изутринава во главниот град на Авганистан, Кабул, соопштија официјални претставници на полицијата. Бомбаш самоубиец се разнесол во близина на автобус кој превезувал вработени во министерството за рударство, при што загинале најмалку 5 луѓе, а 10 биле повредени. Сите жртви биле работници во владата.

Втората експлозија се случила во источен Кабул, но засега нема информации за можни жртви.