Кина е подготвена и за војна и за мирно обединување со Тајван

Министерство за одбрана предупреди дека е подготвено за нова војна ако Тајван се обиде да прогласи независност, објавија новинските агенции. Кина ги предупреди и САД „дека ја поткопуваат глобалната стабилност“, осудувајќи ја продажбата на оружје на САД на островската држава.

Пентагон и Стејт департментот месецов ја одобрија продажбата на оружје на Тајван во вредност од 2,2 милијарди долари. Тука спаѓаат тенкови и проектили Стингер. Кина на ова одговори со предупредување дека ќе воведе санкции за сите американски компании вклучени во тој договор.

Портпаролот на кинеското министерство за одбрана Ву Чиен на прес-конференција, за прв пат по неколку години, презентираше документ за стратешките предизвици на Кина, во кој стои дека Пекинг ќе стори сè што може за мирно обединување со Тајван.