Демонстрантите во Тирана го заземаа Националниот театар што го бранат од уривање

По директен судир меѓу полицијата и демонстрантите, кои протестираат против уривањето на зградата на Националниот тетар во Тирана, во кој повредено е едно лице, тие влегоа во објектот и прогласија дека „сега театарот е во нивни раце“.

Познатиот театарски актер и режисер Едмонд Будина упати апел до граѓаните да им помогнат на театарските уметници во „одбраната на албанската култура“

„Не може да се урне овој храм на културата. Ова е свето место. Нов театар нека се прави на друго место. Ве молам поддржете не бидејќи ова е и ваша вредност. Да ги заштитиме институциите од кражбата на олигарсите“, порача режисерот Едмонд Будина.

Тој и се заблагодари на опозицијата за поддршката и упати обвинувања на адреса на Владата на премиерот Еди Рама.