Владата го усвои текстот на Предлог-законот за Јавното обвинителство

Владата на Република Северн Македонија

Владата на денешната 146-та седница го усвои новиот текст на Предлог - законот за Јавното обвинителство, на која исто така е донесена одлука да биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка, соопшти владината прес-служба.

На истата седница со која претседаваше премиерот Зоран Заев, Министерството за правда предложило, а Владата прифатила во собраниска постапка да биде пуштен и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија заради терминолошко усогласување со Предлог Законот за Јавно обвинителство.