ЕУ: нема промена на условите за Брегзит по изборот на Џонсон

Борис Џонсон.

Европската унија му честиташе на Борис Џонсон на изборот за лидер на конзервативците и премиер на Велика Британија, но го нагласи цврстиот став дека нема да го зема предвид неговото ветување од кампањата дека повторно ќе преговара со Брисел за условите за напуштање на европскиот блок.

Европската комисија е подготвена да соработува со Џонсон, но јасни се рамките кога станува збор за Брегзитот, изјави портпаролката на ЕУ.

„Се радуваме на конструктивната работа со премиерот Џонсон кога ќе ја преземе должноста со цел олеснување на ратификацијата на договорот за излез на Британија и остварувње на уреден Брегзит“, изјави преговарачот на ЕУ Мишел Барни.

Брегзит без договор меѓу Брисел и Лондон ќе биде трагедија за двете страни и ЕУ ќе се држи за договорот за повлекување на Британија, изјави заменик претседателот на Европската комисија Франс Тимерманс.

Џонсон повеќе пати изјави дека има намера повторно да преговара за договоро за излез или да ја извади земјата од ЕУ без договор до истекот на рокот на 31 октомври.