Јанева: Ни свесно, ни несвесно не сум ја злоупотребила функцијата

Катица Јанева, прва прес-конференција по поднесувањето на остаката и случајот „Рекет“

Специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева, денеска на прва прес-конференција по нејзината оставка, демантираше дека е поврзана со случајот „Рекет“. Таа рече ѝ било чест да биде дел од тимот кој се бори со највисокиот криминал во државата.

„Најодговорно тврдам дека ниту свесно ниту несвесно сум ја злоупотребила функцијата. Повикот да се служи на државата и да се биде дел од професионален тим кој треба да го реши високиот криминал во државата е чест за мене, иако постојано бев мета на препукувањата меѓу партиите“, рече Јанева.

Таа на новинарите им рече дека свесно не дала изјава за „Рекет“ зошто, како што објасни, „не сакала да остави впечаток дека се меша во истрагата“.

Таа потврди дека се познавала со Бојан Јовановски, првоосомничениот во случајот “Рекет”, и како што рече, не криела дека нејзиниот син работи во 1ТВ и дневно комуницирал со Бојан Јовановски заради природата на својата работа.

Специјалната обвинителка не одговараше на новинарските прашања.