Чемезов: Москва и Анкара разговараат за производство на делови за рускиот систем С-400 во Турција

Рускиот противракетен систем С-400 во турската воена база Муртед кај Анкара

Сергеј Чемезов, шеф на руската државна компанија „Ростех“, изјавил дека Русија и Турција разговараат за можноста од заедничко производство на некои компоненти на рускиот систем за противракетна одбрана С-400 во Турција.

Турција во текот на овој месец почна да ги добива компонентите на рускиот систем С-400, што САД ги натера да ја елиминираат Анкара од својата програма за производството на петата генерација на авионите Ф-35, пред се, заради безбедносни причини, објави агенцијата ТАСС, на која се повикуваат западните новински агенции.

Чемезов за оваа идеја првично зборувал за агенцијата Анадолија во Турција.