Трамп ги демантира иранските тврдења за приведени агенти на ЦИА

Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко ги отфрла тврдењата на Техеран дека иранските безбедносни служби привеле 17 осомничени кои ги осудиле на смртна казна а ги поврзуваат со ЦИА. Тој на својот Твитер профил напиша дека иранскиот извештај за приведувањето на агенти на ЦИА е неточно. Нулта вистина, само лаги и пропаганда од религиозниот режим кој што нема идеја што да прави, напиша Трамп.

Претходно иранското министерство за разузнавање соопшти дека иранските безбедносни служби „ успешно ја уништиле шпионска мрежа на ЦИА“.

„Некои беа осудени на смрт, а некои на долгорочна затворска казна“ изјави еден официјален претставник на министерството.