Од Шутка до Додик република

МАКЕДОНИЈА - Казнено-поправните домови немаат доволно пари за соодветно управување, недоволен број на вработени, пренатрупаност, слаба ресоцијализација, недостиг на здравствени услуги, незадоволителен квалитет и количина на храна, слаб контакт на затворениците со семејствата. Ова се дел од заклучоците на работната група на собраниската Постојана комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.

МАКЕДОНИЈА - Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција стигнал извештајот од вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева што и беше одземен во врска со истрагата за случајот Рекет. детали не се откриваат во интерес на истрагата.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Откако Иран заплени британски нафтен танкер, британската морнарица испраќа нуклеарна подморница во Персискиот залив, објави британскиот весник Експрес.

САД - Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека верува оти Велика Британија ќе им го испорача на САД основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, обвинет за шпионажа, објавија новинските агенции, повикувајќи се на изјавите на Помпео во интервју за еквадорскиот весник Ел Универсо.

ТУРЦИЈА - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека руските ракетни системи С-400 се помодерни во споредба со американските Патриот.

УКРАИНА - Најмалку пет партии се очекува да освојат места во парламентот во Украина по предвремените парламентарни избори во таа земја. Според излезните анкети, победник на изборите е партијата на претседателот Володимир Зеленски, Слуга на народот, со освоени 44 проценти од гласовите.

КОСОВО - Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, преку Фејсбук им се заблагодари на неговите поддржувачи и порача дека не сака Додик република во Косово.