Мицкоски тврди дека Јанева го уценувала и него

Архивска фотографија- претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа во Битола изјави дека премиерот Зоран Заев пропуштил да одржи “државнички прес со државничко обраќање”.

Според Мицкоски, кај ВМРО ДПМНЕ се потврдуваат сомневањата дека постои директна спрега меѓу владејачката партија и како што рече „Русковска Обвинителството“.

“Ние во минатото зборувавме дека имаме исклучително корумпирано јавно обвинителство кое што е под палката на Катица Јанева и времето покажа дека нашите тврдења биле точни”, изјави Мицкоски од Битола

Тој рече и дека специјалната јавна обвинителка во оставка и него како лидер на ВМРО-ДПМНЕ го уценувала и барала поддршка на законот за јавно обвинителство во замена за одмрзнување на имотот на партијата.