Во академската 2018/2019 година запишани 53.677 студенти

Прв академски час на УКИМ во 2018 година

Во академската 2018/2019 година се запишани вкупно 53.677 студенти, што претставува намалување за 5.7 отсто во однос на претходната академска година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголем број студенти 87 проценти се запишани на државните високообразовни установи, додека 12.4 отсто се на приватните високообразовни установи.