Пецас: Грција не е против почеток на пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ

Македонско и грчко знаме

Министерот и портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас изјави дека не е во нивен интерес да бидат против отпочнувањето на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската унија. Во интервјуто за државната телевизија ЕРТ тој порачува дека треба да ги заштитат нивните интереси и да дадат тешка битка во текот на преговорите.

Според него, ќе се фокусираат на намалување на негативните последици од договорот од Преспа, преку кампања за промоција на грчката Македонија и заштита на брендот Македонија и заштита на грчките интереси кога ќе се отвораат поглавјата во преговорите на Скопје со Брисел.

Тој додаде дека во исто време ќе треба да го истакнат и промовираат културното наследство на грчката Македонија, но и да ги заштитат националните интереси во ЕУ.