Приведени 20 странци кои нелегално работеле на градежни објекти

Полициско возило.

Полициски службеници приведоа 20 странски државјани што го злоупотребиле туристичкиот престој и во Скопје незаконски и непријавено извршувале работи на градежни објекти.

Во центар, како што соопшти денеска МВР, на градежен објект меѓу ул. „Ј.Мијалков“ и ул. „М.Х.Јасмин“, каде изведувачи на градежни работи биле неколку правни лица биле откриени: 11 државјани на Косово, четворица државјани на Албанија и на Турција, како и еден државјанин на Иран, кои нелегално работеле на објектите.

Лицата, странски државјани се приведени во ПС Центар и во ПС К.Вода за натамошна постапка.