Иран ја повика Британија да и го врати запленетиот танкер

Иранскиот танкер за нафта покрај брегот на Гибралтар

Иранските власти ја повикаа Британија да им го врати запленетиот танкер за нафта.

„Ова е опасна игра која има последици. Правниот изговор за неговото запленување не е валиден. Ослободувањето на танкерот е во интерес на сите земји“, изјави портпаролот на иранското МНР, Абас Мусави.

Тој порача и дека странските сили треба да го напуштат регионот бидејќи Иран и другите регионални актери се способни да одржуваат безбедноста. Британија го заплени танкерот на брегот на Гибралтар, бидејќи ги прекршил санкциите врз Иран со тоа што пренесувал нафта до Сирија.