Спасовски и Димковски во Преспа, активирани се мерки за санација на штетите

Штети на преспанското крајбрежје по невремето кое го зафати регионот

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски, денеска ги посетија населените места во Преспанскиот регион што беа погодени од невремето.

Спасовски изјави дека веднаш се преземени мерки пред се за да се заштитат животите на луѓето, и активирани се сите владини и локални служби со цел побрзо да се санира состојбата. Тој истакна дека стапиле во контакт со ЕВН за електрична енергија да добијат местата каде што поради невремето нема струја, а со тоа и голем дел од населените места да имаат чиста вода за пиење.

Димковски потенцираше дека невремето предизвика големи штети врз земјоделските површини во преспанскиот регион, конкретно кај овошните насади, додавајќи дека министерството веќе работи на мерки преку Програмата за рурален развој за заштита од временски непогоди, како што е авионското засејување на облаците.