Навршуваат 24 години од геноцидот во Сребреница

Поточари кај Сребреница

Денеска навршуваат 24 години од влегувањето на силите на босанските срби во Сребреница, бошњачка енклава во источна Босна и Херцеговина која формално беше под заштита на Обединетите нации и во која потоа беше извршен геноцид врз населението. Меѓународниот суд во Хаг во 2007 година донесе пресуда со која масакрот во Сребреница се квалификува како чин на геноцид. Во знак на сеќавање на убиените муслимански мажи и момчиња во Поточари кај Сребреница ќе се одржи комеморација. Таму се закопани 6.610 жртви.