Мицотакис го претстави новиот модел на владеење

Имам целосна доверба во нашите можности да ја смениме Грција, рече грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на денешната прва владина седница. Тој ги повика членовите на неговиот кабинет да ги засукаат ракавите „за да се задржат високо поставените цели” и го претстави новиот модел на водење на земјата заедно со 12-те приоритети на владата, јавува новинската агенција МИА.

„Сите ќе добиете по еден коверт со целите за секое Министерство, во кое се наведени нерешените прашања и за обврските што ги остава владата што си замина. Заедно, ќе биде и програмата со активности до декември, како и еден шестмесечен план со иницијативи како и специјален формулар со вашите идеи и предлози во пресрет на презентацијата на владината програма во Парламентот, истакна Мицотакис.

Тој на членовите од неговиот кабинет им посочи дека ќе постави и електронски систем за следење на напредокот во секоја област.