САД го обвинија Иран за изнуда, но се отворени за преговори

Логото на Меѓународната агенција за атомска енергија во седиштето на организацијата во Виена

САД соопштија дека прекршувањето на нуклеарната програма од страна на Иран претставува изнудување, предупредувајќи ја земјата дека се изолира.

„Нема веродостојна причина за Иран да ја прошири својата нуклеарна програма, и нема начин на ова да се гледа како на ништо друго освен суров и транспарентен обид за изнудување исплати од меѓународната заедница", соопштија САД на итниот состанок на управниот одбор на Меѓународната агенција за атомска енергија.

САД соопштија и дека се отворени за преговори со Иран без предуслови и дека и нудат можност на земјата за нормализација на односите.