Британскиот амбасадор во САД поднесе оставака

Ким Дарох

Британскиот амбасадор во САД, Ким Дарох поднесе оставка од функцијата откако во јавноста протекоа доверливи белешки во кои тој ја критикува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Дарох изјави дека иако неговиот мандат завршува на крајот на годината тој верува оти поради моменталната ситуација одговорната работа која треба да се направи е да се назначи нов амбасадор. Тој изрази благодарност на сите во Британија и САД кои му понудиле поддршка. Трамп го нарече Дарох глупав и чуден.

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека жали што Дарох почувствувал потреба да поднесе оставка, додавајќи дека официјалните лица треба да бидат во можност да дадат "целосен и искрен совет".