Трамп му честита на Мицотакис

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски му честита на новиот премиер на Грција Киријакос Мицотакис, изразувајќи желба за зачувување на „топлите односи“ меѓу двете земји, соопшти Белата куќа. Претходно Стејт департментот оцени дека Грција е еден од „најблиските сојузници“ на САД и оти Вашингтон се надева оти ќе работи со Мицотакис за „зацврстување на регионалната стабилност и за диверзификација на регионалните енергетски опции“.