Зеленски го повика Путин на средба

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика неговиот руски колега Владимир Путин на средба. Во видео објавено на Фејсбук, Зеленски порача дека тој е подготвен на разговори со Путин кои би се одржале во главниот град на Белорусија, Минск.

„Ајде да разговараме за тоа на кого му припаѓа Крим и кон е во Донбас“, рече Зеленски, додавајќи дека сака и лидерите на САД, Германија, Франција и Британија да бидат присутни на средбата.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека ќе ја разгледаат понудата.