Димитров на неформален министерски состанок на ОБСЕ во Словачка

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров

На покана на словачкиот министер за надворешни и европски работи и претседавач на ОБСЕ, Мирослав Лајчак, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров ќе учествува на неформалниот министерски состанок на ОБСЕ што денеска и утре ќе се одржи во Штрбско Плесо -Високи Тарти, во Словачка.

На неформалниот состанок, како што соопштија од МНР, ќе се разменат мислења за актуелните состојби во регионот на ОБСЕ, а во функција на редовниот годишен министерски состанок што ќе се одржи во декември оваа година во Братислава. Предвидено е, како што се посочува, Димитров да оствари и билатерални средби со своите колеги.