Фалби и пофалби

МАКЕДОНИЈА - Кривичниот суд го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан за одложување на издржување на затворската казна за случајот Труст. Според соопштението на судот, молбата е одбиена како неоснована. Кочан треба на 17 јули да се јави во казнено-поправна установа.

АВГАНИСТАН - Повеќе од 2000 семејства кои ги напуштиле нивните села во источен Авганистан поради воените операции и нападите на милитантите се вратиле во своите домови, соопштија локалните власти во Нангахар.

ПОЛСКА - Бугарија и Северна Македонија ќе испратат заеднички тимови во Полска и во Британија, за да разменат искуства во организирање на заедничкото претседателство на Берлинскиот процес што Софија и Скопје преземат во текот на 2020 година.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека ситуацијата била под контрола во јужна Калифорнија која претходно ја погоди земјотрес со сила од 6,4 степени според Рихтеровата скала.

ТУРЦИЈА - Парламентарната комисија за надворешни работи во Големото народно собрание на Турција даде зелено светло за Предлог-законот за Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО да се стави на дневен ред на Парламентот за ратификација, јави агенцијата Анадолија.

САД - Соединетите држави го поздравија британското запленување на еден ирански танкер со нафта во близина на Гибралтар. Државниот секретар Мајк Помпео на Твитер напиша дека станува збор за одлична вест.