Дачиќ: Забраната за влез во Косово е шлаканица за ЕУ

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека забрана на влез на сите српски официјални претставници на територијата на Косово е без преседан.

„Ова што го направија властите во Приштина е потег без преседан и уште една шлаканица, не на Белград, туку пред се на ЕУ и на меѓународната заедница, кои бесрамно молчат на кршењето на сите цивилизациски норми што со години ги спроведуваат Рамуш Харадинај и Хашим Тачи“, изјави Дачиќ за „Вечерње новости“.

Според него, со забраната Приштина сака уште повеќе да го изолира српскиот народ од какво било влијание на Белград.