Две недели протести во Грузија

Протестите во Тбилиси

Протестите во Грузија се одржуваат 14 дена по ред, а демонстрантите денеска повторно се собраа пред зградата на Парламентот во главниот град Тбилиси. Тие бараат оставка од министерот за внатрешни работи поради насилството на полицијата на протест против руското влијание во земјата.

На 20 јуни повеќе од 240 лица беа повредени кога полиција употреби гумени куршуми и водени топови за да ги спречи демонстрантите да влезат во Парламентот. Еден од лидерите на протестите Гига Макаришвили изјави дека отсега ќе употребуваат „герила тактики“.