Трамп: Техеран си игра со оган

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран си игра со оган откако Техеран соопшти дека го надмина лимитот на слабо збогатен ураниум што е дозволен со нуклеарниот договор постигнат со светските сили во 2015 година. „Тие знаат што прават. Знаат со што си играат и јас мислам дека тие си играат со оган“, им кажа Трамп на новинарите во Белата куќа. Шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф на ова изјава на Трамп запраша на Твитер: „Сериозно?“ . САД се повлекоа од нуклеарниот договор во минатата година и воведоа санкции врз Иран.