Ранети Палестинци во судири со израелската полиција

Архива - израелска полиција брка палестински демонстрант.

Палестински претставници денеска соопштија дека 25 Палестинци се ранети во судири од минатата ноќ со полицијата во источен Ерусалим. Тоа беше трета ноќ по ред цо која се случуваа насилства во населбата Исавија по убиството на еден Палестинец во четвртоко минатата недела.

Израелската полиција соопшти дека жртвата е 20-годишниот Мухамед Обеид кој фрлал петарди кон полицијата, а тие пукале во него бидејќи се нашле во „непосредна опасност по живот.“

Меѓутоа, жителите на источен Ерусалим ја обвинија полицијата дека користела прекумерна сила и оти одблиску пукале во Обеид.