Албанија одржува локални избори, опозицијата бојкотира

Избори во Албанија.

Во Албанија се одржуваат локални избори. Почетокот на изборниот ден минува мирно со ниска излезност, неколку избирачки места се неотворени, а приврзаниците на опозицијата излегоа на мирен протестен марш.

Прв од државниот врв гласаше спикерот на албанскиот Парламент Грамоз Ручи, кој рече дека во изборната трка учествуваат 30 субјекти, а за градоначалник на Тирана двајца кандидати. Тој исткана деке не е денеска денот да се анализира тоа пршање, туку да се апелира на смиреност, одмереност и одлучност.

Тој повика одс понеделник да се направи анализа, како за опозицијата која избра да ги бојкотира изборите, така и за мнозинството.