Земјотрес од Албанија ги стресе Охрид и Битола

Илустративна фотографија.

Земјотрес со интензитет од четири, односно од три степени според Европската макросеизмичка скала денеска попладне е регистриран во Охрид и во Битола, а во останатиот дел од државата од два степена.

Земјотресот е регистриран во 15:01 часот, додека епицентарот со Рихтерова магнитуда од 4,7 се наоѓа 180 километри југозападно од Скопје во соседна Албанија и потекнува од епицентралното подрачје Корча.

Земјотресот го регистрираше телеметриската сеизмолошка мрежа на државава со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.