Командосите се грижат за безбедноста на амбасадите во Тирана

Архивска фотографија: Тирана

Припадниците на армиската единица „командоси“ од утрово се грижат за безбедноста на странските амбасади во Тирана, јави дописничката на МИА од Тирана.

Тоа е во рамки на планот засилени безбедносни мерки на Министерството за внатрешни работи пред утрешните локални избори во земјата, а по претходен договор со Министерството за одбрана.

Албанските командоси се задолжени за безбедноста на 84 значајни објекти, на местото на околу 300 полицајци кои вообичаено ги обезбедуваат овие објекти, а кои сега се вклучени во обезбедување на изборните комисии и избирачките места.