Во Франција измерени 45 степени целзиусови

Франција денеска ги регистираше највисоките температури, додека пожарникарите продолжија да се борат со страотните пожари какви што досега не ја зафатиле Шпанија. Метео-Франција информираше дека температурата во Вилевиеиле во Прованса, достигнале до 45,1 целзиусови степени, рушејќи ги сите досегашни рекорди. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека екстремните временски услови ќе станат почести како резултат на глобалното затоплување.

,,Ќе треба да ја смениме нашата поставеност, нашиот начин на работа, да градиме поинаку”, изјави тој, истакнувајќи дека е неопходно адаптирање на општеството и неговите навики.

Светската метеоролошка организација во Женева вели дека 2019 година е на пат да стане најжешката година и дека 2015-2019 ќе стане најтоплиот петгодишен период. Топлотниот бран ја зафати Европа уште во понеделникот.

,,Топлотните бранови ќе станат поинтензивни, ќе станат поизразени, ќе станат поекстремни, ќе почнат порано и ќе завршат подоцна”, изјави за новинарите портпаролката на СМО, Клер Нулис.