Димитров на Организацијата за црноморска економска соработка во Софија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров на покана на шефот на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, во улога на земја претседавач со Организацијата за црноморска економска соработка, денеска во Софија, ќе учествува на 40-тиот Состанок на Советот на министрите на Организацијата. Се очекува на состанокот, како што соопштија од МНР, Република Северна Македонија да стане рамноправна членка на оваа организација.

Димитров, според соопштението, е предвидено да има свое обраќање во кое ќе ги изнесе придобивките и можностите кои ги нуди членството во Организацијата за црноморска економска соработка за земјите членки преку промовирање на духот на пријателство и добрососедство, како и продлабочување на заемното почитување, доверба и соработка.