Трамп и Путин разговарале час и половина

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин на нивниот состанок на маргините од самитот на Г20 во Јапонија што траел час и половина, разговарале за подобрување на билатералните односи, како и за Иран, Сирија и Венецуела. Белата куќа соопшти дека тие, исто така, размениле ставови во врска со контролата на оружјето. Ни Трамп ни Путин не дадоа изјави по состанокот по кој се упатија кон другите лидери на самитот. Ова беше прва нивна средба од самитот во Хелсинки во јули минатата година. Тогаш Трамп не им дозволи на неговите советници да му се придружат и одби да сподели детали со Конгресот.