Времето денеска: променливо облачно со локален дожд

Ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Утринската температура ќе биде од 13 до 21, а дневната од 23 до 35 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 19, а дневната до 31 степен.